Тинејџер со велосипед тешко повреден на патот Куманово-Табановце

84

Шеснаесетгодишно момче, велосипедист, вчера се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил, соопштија денеска од СВР Куманово.

Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 16:30 часот на локалниот пат Куманово-село Табановце, кога 57-годишниот Џ.Х. управувајќи автомобил „опел вектра“ удрил во 16-годишниот велосипедист од Куманово.

Момчето, кое се здобило со тешки телесни повреди, било пренесено во кумановската болница, а потоа и во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...