На локалниот пат во село Боговиње, 14-годишно дете управувајќи велосипед удрило во 10-годишно девојче од село Боговиње, било пријавено синоќа околу 19:10 часот. Девојчето се здобило со повреди и е пренесено во Клиничка болница-Тетово, а потоа во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила увидна екипа при Сектор за внатрешни работи Тетово.