Седумнаесетгодишен Новосаѓанец ранет е во глава и лекарите се борат за неговиот живот, дознава „Блиц“.
Повикувајќи се на полициски извори , прелиминарните резултати на истрагата покажуваат дека момчето случајно од пиштол испалило еден куршум и самиот се погодил во главата.
– Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ додека повреденото момче си играло со пиштолот во присуство на неколку другари. Според сведоците, пиштолот случајно испукал веројатно поради нестручно ракување и го ранил несреќното момче, така што заклучивме дека не станува збор за обид за убиство ни самоубиство – изјавил за Блиц извор близок на истрагата.
Момчето во бесознание со Итна помош е пренесено во Детската болница и се наоѓа на Оделението за интензивна нега со прострелна рана во главата во пределот помеѓу образот и слепоочницата.
– Момчето е во исклучително тешка состојба со рана опасна по живот. Тој е под перманентен надзор на лекарите – велат од Детската болница.