Седумнаесетгодишник се здобил со убодна рана во рамото и завршил во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Од болницата го пријавиле случајот вчера околу 9:50 часот. Повредата му била нанесена од 15-годишно лице од Скопје во средното училиште „Арсени Јовков“, каде двајцата се ученици – велат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.