Тинејџер призна силување и убиство на жена, а потоа го запалил нејзиното тело

Таа во устата и грлото имала две пластични ќеси со слушалки за мобилен телефон.

406
ФОТО: Метро

Дваесетгодишна затворска казна доби тинејџер кој призна дека силувал и убил артистка, па го запалил нејзиното тело, пренесува „Метро“.

Осумнаесетгодишниот Куртис Мојс ја задавил Леа Фреј во нејзиниот стан пред да ја запали за да ги избрише трагите. Тој вчера требаше да има судење во Велика Британија, но во последен момент го смени исказот и кажа дека е виновен.

Обвинителот Дејвид Херберт кажа дека жртвата доживеала тортура, била тепана со тенџере и повредена со виљушка.

– Последните моменти од животот на Леа Фреј биле застрашувачки и екстремно болни. Таа најверојатно била заврзана и силувана пред да биде убиена – рече Херберт.

Во судот било кажано дека 27-годишната Леа била талентирана артистка, пишувала поезија, а имала проблеми со психолошкото здравје што допринело да посегне по дрога.

Пожарникари го најдоа нејзиното тело во 7 часот наутро на 21 април.

Таа во устата и грлото имала две пластични ќеси со слушалки за мобилен телефон.

– Со тие работи, таа не можела да вреска, а помогнале и во нејзиното задушување – додаде Херберт.

Тинејџерот ја убил жртвата ден пред да наполни 18 години.

Семејството и пријателите на жртвата ракоплескаа додека Мојс беше носен в ќелија.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...