Тинејџер нападнат со нож во 22-ка на ЈСП

415

Во автобус на ЈСП со број 22, во близина Поликлиниката – Ѓорче Петров, по претходна вербална расправија на две групи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка, соопштија од скопската полиција.

Тинејџер од Скопје, на возраст од 17 годдини, се здобил со телесни повреди нанесени со нож (две посекотини на десната нога) по што е пренесен во болницата “8 Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома.

Две лица се приведени во полициска станица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...