Тинејџерот кој киднапирал, силувал и убил шестгодишно девојче денеска треба да се појави на суд и да побара помала казна, пренесува „Метро“.
Арон Кампбел ја зел Алиша МекФил од нејзиниот кревет во домот на нејзините баба и дедо на 2 јули минатата година.
Седумнаесетгодишникот бил прогласен за виновен во судот во Гласгоу, Шкотска. Му била дадена казна затвор од минимум 27 години.
Неговото сослушување денес треба да биде пред три судии во суд во Единбург.
Во март, тој во судот на прашање дали ја убил Алиша, кажал дека „никогаш не би направил такво нешто“.
Но, негов пријател им покажал на детективите пораки кои тој ги пратил во 2017 година, во кои Кампбел напишал: „можеби ќе убијам еден ден за да го искусам и тоа“.
Кампбел се обидел и да ги убеди останатите дека имал секс со Тони МекЛакан, девојката на таткото на Алиша, ноќта за време на убиството. Се обидел и да ја обвини неа за злосторството.
Потоа тој признал дека го убил девојчето, кажувајќи дека „е задоволен од убиството“.
ФОТО: МЕТРО