Слушнав удар кога автобусот се преполови. Луѓето почнаа да викаат „Не удри воз!“.
Ова го кажал 16-годишниот Димитрије Јовановиќ, пренесува „Курир.рс“. Тој е полесно повреден во трагедијата која се случи утрово кај Ниш, кога се судрија воз и автобус. Починати се пет лица, а триесет се повредени.
Јовановиќ седел на задниот дел од автобусот кога се случила несреќата.
– Седев одзади и ништо не видов. Излегов надвор, а таму луѓе плачеа, крв имаше насекаде – рекол тинејџерот, кој тргнал да оди во средното училиште „Никола Тесла“.
Неговиот татко, Миодраг, додал дека на овој пат „барем еднаш годишно се случува сообраќајка“.
ФОТО: Принтскрин