Тинејџер го победи Ѓоковиќ во Торонто

Деветнаесетодишниот Грк триумфираше со 6:3, 6:7 (5), 6:3 и ја постигна највредната победа во досегашната кариера.

225

Четирикратниот шампион Новак Ѓоковиќ отпадна во 1/8-финалето на „Роџерс купот“ во Торонто, по изненадувачки пораз од тинејџерот Стефанос Циципас. Деветнаесетодишниот Грк триумфираше со 6:3, 6:7 (5), 6:3 и ја постигна највредната победа во досегашната кариера.

– Го следев својот план и знаев дека порано или подоцна Ѓоковиќ ќе се скрши – демонстрираше самодоверба по успехот Циципас кој првпат ќе игра четвртфинале на „Мастерс“ турнир.

Грчкиот тенисер направи брејк во самиот почеток на третиот сет и не го испушти водството до крајот на натпреварот. Тој триумфираше по 2 часа и 17 минути, а Ѓоковиќ го призна поразот.

– Циципас одигра многу добро и без сомнение победи заслужено. Јас дозволив доста грешки од главната линија и не бев стабилен при ретурните – прокоментира Србинот по мечот.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...