Тинејџер ги тужи родителите бидејќи го крстиле Гејлорд

341
ФОТО: МИА

Гејлорд Вилијамс (17), момче од американската сојузна држава Мисури подигна обвинение против родителите, зашто го крстиле Гејлорд (лорд на хомосексуалците). Отштетата што тој ја бара изнесува 250.000 долари.

Тинејџерот тврди дека за време на детството, имал многу непријатности, пред сѐ, поради многуте задевања низ коишто минал.

Обвинението кон Дејв и Керол Вилијамс гласи: умисла да му го направат животот на момчето – несреќен, со тоа што му дале  „застарено и стереотипно име”. Момчето пред судот изјавило дека смета оти тоа било така зашто тој бил несакано дете, па родителите му го дале тоа име како на жртва за искупување.

– Неколкупати ми кажале оти сум случаен и дека сум им го уништил животот. Кога татко ми е пијан, дури и си признава дека ме крстиле така, за да го уништат мојот живот… Едвај чекам да станам полнолетен и да можам сам да си го сменам, без да барам дозвола – објаснува Гејлорд огорчено.

Родителите ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека го избрале тоа име оти многу им се допаѓа.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...