Ѕвездата на детската програма на Би-би-си починала на 16-годишна возраст откако се обесила, потврди истрагата, пренесуваат британските медиуми.
Како што истражителот навел, Маја страдала по несреќен случај и не сакала да си го одземе животот.
Тоби Воткин, асистент на истражителот на Јужен Лондон, навел дека Маја се обесила за натстрешницата во нејзината семејна куќа на 7 април.
Нејзините родители добиле телефонски повик од училиштето од каде што рекле дека нејзините оценки се пониски од очекуваното. Девојчето било под силен стрес поради испитите.
Исто така, на Маја родителите ѝ забраниле да излегува и да оди на забави, а ноќта пред нејзината смрт ја поминала гледајќи филм со семејството што вклучува сцена на самоубиство.
– За неа тоа не беше нормално. Се нервираше околу испитите – рекол нејзиниот татко Мартин, кој ги отфрлил приказните дека се убила.
– Мислам дека таа не сакаше тоа да го направи. Имаше планови за иднината – истакнал Мартин Нејлор.
Токсиколошкиот преглед укажал дека во телото на почината детска ѕвезда не се пронајдени дрога и алкохол. Исто така, ништо сомнително не било забележано во текот на пребарувањето на нејзините профили на социјалните мрежи.
Маја-Леција ја започнала кариерата кога имала само две години, во остварувањето „Absolutely Fabulous“.
FOTO: Instagram/Printskrin