Тинејџерот убиен од својот дедо, пред само месец дена добил син (ФОТО)

2250
ФОТО: Фејсбук

Шеесет и тригодишниот Ненад Рониќ синоќа ги убил 38-годишниот зет и 19-годишниот внук, а ги ранил 20-годишната снаа и 15-годишниот внук во дворот од семејната куќа во Србија.

До масакрот дошло по расправија помеѓу 19-годишниот Иван и неговиот братучед од стрико. Иван го натепал, па тој му се пожалил на дедото, кој веднаш зел пушка и нападнал.

Од здобиените повреди, животот веднаш го изгубил Јастреб Асановиќ, додека Иван им подлегнал на повредите во болница.

Романа и повредениот 15-годишник со тешки повреди биле пренесени во болница.

Да биде трагедијата поголема, Иван и Романа пред месец дена добиле син.

ФОТО 1: Иван и Романа

ФОТО 2: Јастреб

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...