Тинејџерка случајно кај лекар дознала дека е бремена, таткото има 70 години ФОТО

Тинејџерката отишла кај лекар поради болки во стомакот, мислејќи дека има запек, но било утврдено дека е во третиот месец од бременоста.

1796

Седумдесетгодишен маж од Бока Ратон (Флорида) е обвинет за сексуално злоставување на дете, откако 13-годишното девојче, со кое живеел, забременилo.

Тинејџерката отишла кај лекар поради болки во стомакот, мислејќи дека има запек, но било утврдено дека е во трет месец од бременоста.

Таа живеела со Ренo Џером, кој, како што рекла во полицијата, постојано ја допирал и имал секс со неа.

Од полицискиот извештај, во кој многу податоци се затемнетi, не се гледа во каков меѓусебен однос биле.

„Џером изјавил дека последните неколку месеци три пати имале сексуални односи со заемна согласност, и дека таа покажувала поголем интерес за него, отколку тој за неа, и дека никогаш на ништо не ја присилувал“, се наведува во извештајот.

Џером, кој признал дека е татко на нероденото дете, се наоѓа во затворот Палм Бич, без можност за ослободување со плаќање кауција. Судијата му забранил контакт со девојчето и со други лица помлади од 18 години додека се чека резултатот од истрагата.

Во Флорида, границата на законска согласност на сексуални односи е 18 години, иако во поедини случаи овозможува и сексуален однос на 16 години, под услов партнерот да не е постар од 23 години.

Исто така, неодамна е воведен „Законот на Ромео и Јулија“, кој треба да ги спречи тинејџерите и двојките на средношколска возраст кои имаат сексуални односи да бидат обележани како сексуални престапници.

 

FOTO: PALM BEACH COUNTY SHERIFF

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...