Деветнаесетгодишна девојка од светиниколското село Горубинци вчера ограбила 79 – годишен жител на Свети Николе. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова преку писмено соопштение вели дека вчера во 16:15 часот полициски службеници од Свети Николе ја лишиле од слобода 19–годишната А.П. поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „кражба“.
-Таа, на 15 декември во 01.00 часот отишла во куќа сопственост на М.Ј.(79) на ул.„4-ти јули“ во Свети Николе и под изговор дека и било ладно, побарала да влезе и да се стопли. М.Ј. ја пуштил внатре и во една прилика кога излегол од собата, од дрвено сандаче одзела пари во износ од 301.700 денари во разни апоени, по што ја напуштила куќата, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Парите му се вратени на сопственикот, а по целосно комплетирање на случајот, против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...