Тинејџери кои претепаа момче поштедени од затвор оти не можеле да се справат со условите внатре

Клифтон почнал да го тепа несреќното момче бидејќи верувал оти девојката со која одел четири години му раскинала поради жртвата.

433
ФОТО: Метро

Четири тинејџери кои претепаа момче во војна помеѓу два града во Оксфордшир, Англија, нема да одат в затвор, пренесува „Метро“.

Деветнаесетгодишниот Киеран Клифтон го влечел 17-годишното момче, го претепал врескајќи „ќе бидеш непрепознатлив по ова“ и „дали сакаш да ме прободиш?“. Во нападот му се придружиле 18-годишниот Си Смит, 22-годишниот Даниел Клифорд и 19-годишниот Џошуа Кампбел.

Тие претходно пиеле амарето во текот на целиот ден, а Клифтон почнал да го тепа несреќното момче бидејќи верувал оти девојката со која одел четири години му раскинала поради жртвата.

Тој пред да го нападне викал „излези од возилото, ќе ти ја смачкам главата“. Но, не бил толку храбар и на суд. Неговиот адвокат рекол „тој е многу исплашен да оди внатре (в затвор)“.

– Неговата мајка се плаши за неговата состојба во таква средина – додал адвокатот.

Според неговите зборови, Клифорд веќе две недели не земал кокаин и за тоа бил пофален. Претходно, давал 400 фунти неделно за кокаин и канабис.

Адвокатот на Кампбел тврдел дека тој не треба да оди в ќелија бидејќи „се чувствува рехабилитирано и сега“. Додека пак, претставникот на Смит кажал дека „тој се кае за одлуките кои ги донел“.

Зборовите на судијата биле:

– Ова е напад врз момче кое не можело да се одбрани. Било извлечено од возило, тепано, клоцано, се здобило со бројни повреди – модринки, неговите заби се оштетени, мора да оди со патерици. Поминаа 18 месеци откако ова се случи. Изгледа дека сите имате добра шанса за рехабилитација. Но, ова е последната шанса. Појавете се пред мене уште еднаш и знаете каде ќе одете.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...