Тројца тинејџери на возраст од 19 години се уапсени во Панчево поради сомнеж дека влегувале во домови на пензионерки, па ги мачеле и ограбувале.
– Влегувале во куќите додека жените спиеле, прво ги врзувале, а потоа ги мачеле се додека не им кажат каде чуваат пари и накит. Постојат сомнежи дека од една жена украле златен ланец и пари, а од други само пари. Од куќа излегувале со 20.000 или 40.000 српски динари – рекол извор за „Курир.рс“, запознаен со истрагата.
Напаѓачите биле уапсени кога се обиделе да ја ограбат поштата.