Тим го исфрли Мареј во четвртфиналето во Пекинг

53
ФОТО: EPA / HOW HWEE YOUNG

Шампионот од 2016 година, Енди Мареј (Велика Британија) беше елиминиран во четвртфиналето на тенискиот турнир во Пекинг, со награден фонд од 3,5 милиони долари.

Поранешниот број 1 во светот Мареј загуби од лидерот во шемата на Доминик Тим (Австрија) со 2:6, 6:7 (3), но во кинеската престолнина тој покажа дека се вратил во својата препознатлива форма осум месеци по операцијата на колкот.

Шкотот, 503-ти во светот во моментот, успеа да направи брејк и беше дури и на две поени од освојувањето на сетот при 6:5 и 40:40, но Австриецот го задржа својот сервис, а потоа поведе со 5-1 во тајбрејкерот на својот пат до крајна победа.

За местото во финалето Тим ќе игра против број 4 во шемата, Карен Хачанов (Русија), кој го елиминира шестиот во шемата Фабио Фоњини (Италија) со 3:6, 6:3, 6:1.

ФОТО: EPA / HOW HWEE YOUNG

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...