Тимоние се стаписал од случајот „Рекет“

2631

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние вели дека се шокирал и стаписал кога слушнал за случајот „Рекет“. Тој во интервју за „Алсат“ прашан да го искоментира  случајот „Рекет” вели:

– За нас тоа беше шок, од кој се стаписавме, како и македонската јавност…Тешко е да се предвидат сите можни исходи во овој момент. Сепак, сметаме дека тоа е тежок и многу важен случај, бидејќи во времето кога го направивме Пржинскиот Договор, и ние заедно со другите претставници, присуствувавме кога беше формирано Специјалното јавно обвинителство. Тоа беше важен елемент во обновувањето и враќањето на кредибилитетот на државата и судството.

Од обвинувањата што ги слушаме за ова прашање може да се заклучат две работи: или станува збор за клевета која мора да се повлече во интерес на засегнатото лице, како и во интерес на институцијата или тоа е нешто што треба да биде подлабоко истражено.

Јасно е дека за доброто на државата, заради правдата, мора да се направи темелна и вистинска истрага, за да нема простор за загриженост што би биле штетни за сите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...