Тимоние: Напред, одете само напред!

Ставот на Франција беше познат и познат е од вчера. Сега се наоѓа на одобрување пред шефовите на држави и влади на следниот состанок што ќе следи на самитот, изјави амбасадорот Тимоние.

458

Се работи за еден урамнотежен текст кој ги одразува напорите кои беа направени од страна на оваа земја и напорите кои останува да се направат. Со еден збор да кажам „напред, одете само напред“. Ова го истакна францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање за негов коментар за вчерашната одлука на Советот на ЕУ да ѝ даде условена препорака за почеток на преговори на Македонија во јуни 2019.

– Ставот на Франција беше познат и познат е од вчера. Сега се наоѓа на одобрување пред шефовите на држави и влади на следниот состанок што ќе следи на самитот – изјави амбасадорот Тимоние пред промоцијата на книгата „Европа, нашиот заеднички дом“ од Жан Моне.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...