Заедно имаат повеќе од два века. Џон Хендерсон наполнил 106, а неговата сопруга Шарлот 105 години. Овој тексашки брачен пар според Гинисовата книга на рекорди е најстариот жив пар на светот.
Џон и Шарлот од Остин во декември прославиле 80 години заеднички живот, што е животен век на просечен Американец, пишува Си-ен-ен. Парот се венчал во 1939 година, а се запознале во 1934 година, додека биле студенти на универзитетот во Тексас.
Шарлот студирала да стане наставничка, а Џон бил дел од фудбалски тим. За Си-ен-ен изјавиле дека времињата биле толку тешки што на хотелската соба која ја изнајмиле за медениот месец потрошиле само 7 долари.
Не треба да се заборави ни на тоа дека Џон е и најстариот жив поранешен фудбалер од универзитетот во Тексас. Овој пар е жив доказ за тоа дека љубовта може да го преживее тестот на времето. Велат дека љубовта меѓу нив во текот на годините само зајакнувала.
Пред десет години се преселиле во Лондон во локалната заедница на пензионери, која се поврзува со универзитетот на кој студирале. Среќни се како и досега.
Џон секојдневно вежба, а на прашањето на новинарот на Си-ен-ен, која е тајната на долгиот живот и среќниот брак, одговорил: „Живејте умерено и бидете љубезни кон својот избраник“.
FOTO: Printskrin/Jutjub