Холивудскиот ѕвезди Бред Пит и Џенифер Анистон кои се разведоа во 2005 година, според странските медиуми уживаат во заедничките моменти.
Џенифер Анистон направила божиќна прослава на која го поканила својот поранешен сопруг Бред Пит.
– Беа во контакт неколкупати по неговиот роденден и се во пријателски односи – изјавил добро информиран извор.
Иако немале многу интеракција за време на настанот, се прегрнале кога се виделе.
Имено, медиумите пренесуваат дека Бред Наводно присуствувал на божиќната забава која Џенифер ја организирала во својот дом.
– Бред и Џенифер контактираат од нејзиниот роденден. Сакаат да бидат пријатели. Многу напредувале од својот брак и развод и сега планираат да бидат пријатели засекогаш – изјавил извор близок до двојката.
На божикната забава во домот на холивудската убавица, покрај Бред Пит присуствувале и Гвинет Палтроу, Кет Хадсон и Џими Кимел.