Тиверија го освои Купот на Македонија во женска конкуренција

Екипата на Тиверија Струмица го освои трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција.

122

Екипата на Тиверија Струмица го освои трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција. Во финалето со убедливи 5:0 го совладаа тимот на Драган на стадионот во Пехчево.

По првиот дел, струмичанки имаа еден гол предност, а доминацијата ја потврдија со дури четири погодоци во второто полувреме.

Во листата на стрелци се запишаа: Теодора Димоска, Александра Ристовска, Рабиа Дервиши и Ангела Стојковска која постигна два гола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...