„Те чекаме дома. Не брзај!“- превентивна кампања за побезбеден сообраќај

119

Денеска на граничниот премин Стар Дојран промовираме уште една наша информативна акција со порака до сите учесници во сообраќајот: „Те чекаме дома. Не брзај!“. Нашата интенција е да им укажеме на учесниците во сообраќајот, особено сега кога во летните периоди традиционално се зголемува фреквентноста на сообраќајот, дека за безбедното патување е примарно почитувањето на сообраќајните правила и прописи, рече министерот за внатрешни Оливер Спасовски на промоцијата на кампањата.

Оваа кампања пред се е насочена кон брзината со која се движат учесниците во сообраќајот, а летоците што ќе се делат на патниците на граничниот премин, имаат за цел да ги потсетат нашите граѓани, но и странците, на почитување на брзинските ограничувања и на нивната лична сообраќајна безбедност.

Спасовски денеска имаше и средба со полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор Стар Дојран на која се разговараше за важни аспекти од нивното секојдневно работење. Особено што обемот на работа, примарно во делот на граничната контрола и надзор, расте особено во летните месеци кога протокот на возила и патници двојно, па и тројно се зголемува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...