Тешко се повредил работник на багер во депонијата „Мегленци“

124

Околу 9 часот вчера во полиција било пријавено  дека во депонијата „Мегленци“, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“, во Битола, Р.П. (60) од с.Лопатица, вработен како машинист на работна машина-багер, извршувајќи работни задачи се здобил со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, додека Р.П. се обидувал да се качи во кабината од работната машина за да ја запре, а која во еден момент почнала да се движи наназад, подвижната гасеница му ја потфатила левата нога и го исфрлила зад машината.

Од страна на друг вработен Р.П. бил извлечен подалеку од машината. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...