Со тешки телесни повреди се здобил 32-годишник по сообраќајка на патот мотел „Дреново“ – Кавадарци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 14.30 часот на патот мотел „Дреново“ – Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(36) од село Возарци и мопед марка „баотијан“, без регистарски ознаки, управуван од Т.П.(28) од село Дреново. Во незгодата со тешки
телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот Д.П.(32) од село Дреново и бил
пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош – велат од МВР.
Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.