Тешко повреден 19-годишник откако со мопед паднал на паркинг во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Во 01.45 часот на паркинг на улица Јани Лукровски, Ф.В. од Скопје, управувајќи мопед „јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана помош – велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.