Тинејџер се здобил со тешки телесни повреди по сообраќајка на улицата Христијан Тодоровски Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Христијан Тодоровски Карпош се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“, управувано од С.К.(59) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ќ.А.(29) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобил Ќ.А., по што биле пренесени во
Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош – велат оттаму.
Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на СВР Скопје.