Тешко повреден пешак при судир на „бмв“ и „мерцедес“

183

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во пет минути до 20 часот било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу две возила при што настрадал пешак.

Патничкото моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(29) од Скопје се судрило со патничкото моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди.

Д.Б.(65) од с. Волково- скопско бил пренесен и задржан во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В.(40) и В.И.(56).

Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...