Вчера било пријавено дека во Битола, на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Климент Охридски“, патничко моторно возило „цитроен ксантија“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(39) од Битола удрило во пешак М.З.(79) од Битола.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.