Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 14.30 часот било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ товарно моторно возило “фолксваген транспортер“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(31) од Скопје удрил во пешак Л.М.(66) од Скопје. Возачот по незгодата со возилото го напуштил местото на настанот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот која со возило била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и задржана на понатамошно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.