Тешко повреден мотоциклист во Скопје

199

И.Х. (35) од Скопје здобил тешки телесни повреди откако синоќа, управувајќи мотоцикл „хонда“, изгубил контрола и паднал.

Според МВР, несреќата се случила во 19 часот на улицата Коста Новаковиќ.

Мотоциклистот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...