Малолетник од Скопје е тешко повреден, откако изгубил контрола над мопедот и паднал, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Христијан Тодоровски-Карпош, малолетник од Скопје управувајќи мопед „пијаџо“ со скопски регистарски таблици, изгубил контрола над мопедот и паднал. Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош – велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.