Тешко повреден маж од село Градец, откако со возило излетал од патот и се превртел

73

Шеесет и шестгодишник од село Градец, Крива Паланка, се здобил со тешки телесни повреди, откако со „ровер“ излетал надвор од коловозот и се превртел. Тој бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Настанот се случил околу 15.40 часот на регионалниот пат Радовиш – Штип, кај подвозникот од локалниот пат од бања Кежовица, на место викано „Калимерово“ – велат од МВР. 

Извршен е увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...