Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување и еден возач за неправилно престигнување.
Санкционирани биле и 10 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и седум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.
Од сообраќај, биле исклучени вкупно 21 возач, од кои двајца кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување и тројца возачи почетници, како и 13 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 81 возило непрописно паркирано.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 61 возило.