Тешко повредено момче на велосипед во Бутел

159

Во 13.13 часот вчера во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека на ул. „Александар Урдаревски“, В.В. (32) од с.Мирковци, скопско, управувајќи патничко возило „Мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, удрило во 10-годишно момче од Скопје, кое возело велосипед.

При ударот детето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...