Во 15,45 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, З.М.(30) од селото Вранештица, кичевско, управувајќи патничко возило „Опел Фронтера“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во пешаците Ѓ.А.(32) и Т.Д.(36), двете од Кичево.
Тие се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде им била укажана лекарска помош, по што и двете била префрлена во Клиничката болница Битола на понатамошно лекување.
Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.