По пет часа преговори, лидерите излегоа на втора пауза. Ниту еден од лидерите немаа никаков коментар на прашањата до каде се преговорите, кои им ги упатуваа новинарите додека тие излегуваа кон дворот на Клубот на пратеници.
– Да имаше… – кратко прокоментира Ахмети.
Премиерот Зоран Заев само крена раменици кога го прашаа уште колку ќе траат преговорите.
Она што неофицијално се дознава е дека опозицијата се откажала од барањата за измени во Кривичниот законик.
За другите точки, како што веќе објавивме, наводно Заев се согласил на пржинска влада, но за возврат да добие гаранции од ВМРО-ДПМНЕ за успешен референдум односно опозицијата да го поддржи со цел да има доволна излезност. Христијан Мицкоски, пак, наводно не се согласил со ваков пакет и инсистирал прво да се договорат измените во Изборниот законик со кои пред секои парламентарни избори ќе има техничка влада според пржинскиот модел, а потоа да продолжат разговорите за референдум.