Тешко е повреден војник на АРМ

1269

Воена полиција при Министерството за одбрана во полициската станица Неготино вчера околу 12,10 часот пријавила дека истиот ден напладне при изведување на воена вежба за боево гаѓање со рачен ракетен фрлач се повредил 35- годишен професионален војник од Скопје.

Со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

За настанот запознат бил Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Неготино и припадници од Воената полиција при Министерството за одбрана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...