Тешки обвиненија: Памела Андерсон го нарече фудбалерот монструм и ја раскина врската ФОТО

Двегодишната врска помеѓу холивускиот секс-симбол Памела Андерсон и францускиот фудбалер Адил Рами е готова.

2138

Славната 51-годишна актерка и активистка Памела Андерсон наводно открила дека нејзиното 33-годишно момче Адил Рами ја изневерува, па преку социјалните мрежи јавно го осуди.

Двегодишната врска помеѓу холивускиот секс-симбол Памела Андерсон и францускиот фудбалер Адил Рами е готова. Актерката своето момче на Инстаграм го обвини за неверство.

„Тешко е да се прифати скршеното срце и дека последните две години од мојот живот биле голема лага. Измамена сум, наведена да мислам дека имавме „голема љубов“. Скршена сум, бидејќи последните неколку дена дознав дека водел двоен живот. Се шегуваше на сметката на другите играчи кои имаат девојки кои живеат во станови во близина на нивните сопруги. Ги нарекуваше монструми. Но, ова е уште полошо. Сите ги лажеше. Како е можно да ги контролира срцата и умовите на две жени. Сигурна сум дека имало многу повеќе жени. Тој е чудовиште. Како е можно помогнав на толку многу луѓе, а себеси не можев да си помогнам“, напишала Памела Андерсон на својот профил на Инстаграм.

Во опширните објави на Инстаграм, Памела изнесува шокантни детали за фубалерот. Таа напишала дека ѝ се заканувал дека сите таблоиди во Франција се негови и на пријатели на неговите сестри. Па се обидувал да се смири со неа, ѝ праќал цвеќиња, доаѓал на вратата на хотелот каде што престојувала, но таа му рекла на обезбедувањето да го исфрли. Актерката дури ѝ се јавила и на неговата поранешна сопруга, со која фудбалерот има близнаци.

Фудбалерот Адил рами сè уште не се огласил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...