Џејмс Франко, актерот кој е номиниран за Оскар за улогата во „127 часа“, се соочува со сериозни обвиненија за недолично однесување кон жените. Во тужбата поднесена од две жени во Лос Анџелес се тврди дека неговото поранешно актерско училиште му овозможувало на Франко и неговите соработници да малтретираат жени, според „Гардијан“.
Актерот Франко се поврзува со училиштето наречено „Студио 4“, а го основал заедно со неговиот колега Винс Џоливет. Сара Титер-Каплан и Тони Гал биле жените кои платиле по 300 долари месечно со часови и уште 750 долари за мастерклас што вклучувал секси сцени. Во тужбата се наведува дека студентките морало да снимат видео-лента за аудицијата, а сите ги прегледувал Франко.
Академијата беше затворена во 2017 година. Во тужбата се наведува дека во текот на аудицијата и часовите младите студентки биле принудувани да учествуваат со симулирани сексуални сцени кои биле далеку од стандардите на вообичаените во филмската индустрија. Франко им давал лажни ветувања дека ќе им овозможи улоги во идните проекти.
Титер-Каплан тврди дека училиштето на Франко ѝ овозможило улога во еден од неговите идни филмови. Таа учествувала во сцените на оргии кога Франко намерно отстранил пластична брана што ја покривала нејзината вагина додека симулирала орален секс.
„Тој всушност ја користел шансата да најде млади девојки кои ќе бидат предмет на неговата лична и професионална сексуална експлоатација“ – наведено е во тужбата и се додава дека тој ги поттикнувал да се соблечат топлес, а до крај на сексуалната сцена и целосно.
Откако Гал се побунила за ваквото „учење“, била отстранета од часовите, додека Титер-Каплан продолжила со часови и подоцна била избрана да глуми во неколку филмови од „Рабит Бандини филмс“, продукцијата на Франко, што се подразбира како нејзино доброволно прифаќање на однесувањето на актерот.
Франко веќе беше обвинет од Титер-Каплан и уште четири жени за недолично однесување минатата година, но неговиот адвокат успеал да го отфрли обвинението во тоа време.