На магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево пет минути по полноќ дошло до судир помеѓу патничко возило „Застава 125“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот В.П. од Делчево, и патничко возило „Шкода“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од 25-годишниот А.Л. од Македонска Каменица.
Од судирот со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Застава 125“ и сопатникот, 40-годишниот И.Н. од Делчево.
Тие биле препратени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот, 25-годишниот Ѓ.С. од Македонска Каменица се здобиле со телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Делчево.