Тешка сообраќајка кај Кичево, почина мотоциклист

404

Едно лице загина во сообраќајка во близина на село Другово, на патот  Кичево-Охрид што се случи пред околу еден час помеѓу мотор и тешко товарно возило.

– Товарното моторно возило Мерцедес со регистарски ознаки од Струмица удрило во моторциклот „сузуки“ без регистарски ознаки, управуван од лице на возраст од 28 години. Од ударот, мотоциклистот  се здобил со тешки телесни повреди и починал на пат кон медицинска установа во Скопје, информира Обвинителството.

Дежурн јавен обвинител со увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Кичево извршиле увид на местото на настанот. Притоа се фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издадал наредба за проверка на крв кај возачот на товарното моторно возило  и за обдукција на починатото лице. Извршена е и фотодокументација на местото на настанот.

Поради случената сообраќајна несреќа на патот кон Охрид, пред клучката што ги поврзува Демир Хисар и Битола, сообраќајот е во прекин.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...