Тешка кражба во црквата Св. „Арангел“ Битолско

122
Фото: МВР

СВР-Битола информира дека извршена е тешка кражба во црквата Св. „Арангел“ во битолското село Долно Српци.

Според првичните информации од црквата одземени се пари и вредни предмети, а кражбата се случила ноќта меѓу 31. август и 1. септември.

– По пријавата на кражбата во СВР-Битола, нашите екипи извршија увид и констатираа дека одземени се пари и црковни предмети. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот – истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...