Последната јавна набавка за печатење на учебници е спроведена во 2014-та. Во тек е нова постапка која треба наскоро да биде завршена. Се очекува Бирото за јавни набавки да ја спроведе законската постака за проверка на целокупната процедура, да се потпишат договорите и веднаш да се пристапи кон печатење на учебниците, изјави министерот за образование Арбер Адеми.
– Значи последниве пет години немало јавна набавка, бидејќи или во некои други истанци или во судски постапки се успеало на некаков начин да се поништи истата. Верувам дека овој пат постапката е целосно регуларна и дека по пет години ќе можеме да имаме и печатени учебнииц кои за жал недостасуват во нашите уичебници, рече Адеми одговарајќи на новинарско прашање за недостатокот од учебници за основци и средношколци по посетата на Патувачката училница „Живот на социјални медиуми“.
Запрашан до каде се преговорите со СОНК во делот на зголемувањето на платите, министерот Адеми рече дека се уште чека на финалната одлука од страна на Синдикатот во образованието, но се надева дека ќе биде прифатен владиниот предлог.
– Очекувам дека ова покачување на платите трето по ред, 5+5+10, ќе се прифати на најдобар начин и посакувам навистина тоа да се случи, бидејќи е историско покачување во дејноста образование досега од денот на осамостојувањето на државата, рече меѓу другото Адеми.
Во однос на децата кои не се запишани во прво одделение повтори дека Владата не отстапува од законста обврска дека при упис во основните училишта треба да се достави и потврда од страна на родителот дека детето ги има примено задолжителните вакцини.