Технички проблеми ги закочиле термините за закажување за нови лични документи, за лични карти и друго, а проблемот, за среќа, е веќе решен и граѓаните сега можат да се јавуваат и да закажуваат на телефоните 0800 192 92 и 072 92 92 92.
Електронски, термин може да се закаже и на веб страната на МВР (https://termin.mvr.gov.mk/Reservation).
– Се јавија технички проблеми и затоа имаше мал застој во закажувањето на овие термини за изготвување нови документи. Сега се е в ред и со телефоните и со електронското закажување – ни потврдија во МВР.
Порталот Денар вчера објави дека повеќе од една недела граѓаните не можат да закажат термин за обнова на своите документи. Телефонските броеви 0800 192 92 и 072 92 92 92 се надвор од употреба. Доколку се обидете и на порталот на МВР, нема да можете да резервирате термин.
– Се обидувам повеќе од една недела да закажам за обнова на личната карта, но ниеден начин не функционира. Броевите се исклучени, а онлајн нема слободни термини – изјавил граѓанин кому му била истечена личната карта.