Теута Арифи со амбиција за претседател на државата

1625

Теута Арифи, градоначалничка на Тетово и потпретседателка на ДУИ не ја отфрла можноста да се кандидира за претседател на државата. Таа денеска во специјално организирана дебата на емисијата Клик Плус на тв 21 пред граѓаните и студентите од Тетово најави дека во иднина може да биде претседателка на Македонија.

– Вие како претседател на државата може да помогнете – изјавил граѓанин од Тетово на што Арифи одговори:

– Не сум на државата, но во иднина може да бидам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...