Тетово се гушело поради реконструкција на улица

Контактирани се службите на ЈП „Македонија пат" кои се задолжени редовно да прскаат со вода додека трае реконструкцијата на патот, со што количината на генерираната прашина ќе се намали на дозволените граници, потенцираат од Министерството.

138

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека реконструкција на улица во Тетово и создавањето дополнителни количини прашина е причина синоќа да има 801 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во воздухот во градот.

Последните денови, мерната станица во Тетово со локација во дворот на основното училиште „Св. Кирил и Методиј”, покажува дека концентрацијата на ПМ10 честичките е над дозволените граници, посочија од Министерството.

Од Министерството наведуваат дека побарале од Државниот инспекторат за животна средина да излезе на терен и да ги провери можните извори на загадување. После направениот увид се утврди дека на булевар „Видое Смилевски Бато” во близина на самата локација на мерната станица се врши реконструкција на самата улица, при што е утврдено дека се генерира значителна количина на прашина, информираат од Министерството.

Според надлежните, за состојбата се дадени насоки на изведувачите, како да се постапи да не се повтори зголемувањето на концентрацијата на ПМ10 честичките во Тетово.

Контактирани се службите на ЈП „Македонија пат” кои се задолжени редовно да прскаат со вода додека трае реконструкцијата на патот, со што количината на генерираната прашина ќе се намали на дозволените граници, потенцираат од Министерството.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...