Тетово ги прогласи среда и четврток за денови на жалост

204
FOTO MIA

Општина Тетово одлучи да прогласи денови на жалост, како и да одвои средства за хуманитарна помош по повод земјотресот во Албанија.

Одлуките се донесоа на вонредна седница на Советот на Општината.

– Прогласени се среда, 27-ми и четврток 28 ноември како денови на жалост во Општина Тетово во знак на солидарност со жртвите од земјотресот во Албанија. Одлучивме и да се одвојат еден милион и петстотини илјади денари како хуманитарна помош. Средствата ќе се донираат за градот Драч и населбата Тумана за справување со последиците од земјотресот. Финансиите се обезбедени од резервниот фонд на Општината – информираше Беким Мемети, претседател на Советот на Општина Тетово.

Општина Тетово организира и собирни пунктови за донација на помош која им е најпотребна на настраданите во најпогодените подрачја од земјотресот.

Помошта може да се остави во Противпожарната единица во Тетово на улица „Индустриска”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...