Тетовката В.М. (49) утрово е тешко повредена откако Б.А. (49) ја избодел со нож во семејната куќа по што сам се пријавил во полиција.
МВР соопшти дека В.М. најпрво била донесена во Клиничката болница-Тетово но, поради сериозноста на повредите е префрлена на скопските клиники каде е задржана на лекување.
В.М. и Б.А. живееле вонбрачно.
Б.А. е задржан во полција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.