На улица „Александар Илиќ“ во Дебар, при контрола на патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(45) од Тетово, полициски службеници пронашле две торби со 20 килограми опојна дрога марихуана. Д.А. е лишен од слобода и приведен во Полициската станица Дебар, информира МВР.
– Во врска со овој случај на граничниот премин „Блато“ бил приведен K.Х.(41) од Албанија, додека на граничниот премин „Ќафасан“ биле приведени И.Е.(33) и Ц.Г.(31), двајцата од Република Албанија. Овие три лица биле предадени и задржани во Полициската станица Дебар. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.